X
 11.04.2020 Образование

Средношколец-пилот носи медицински материјали до рурални болници

Еден 16-годишен тинејџер ги користи своите вештини за да им помогне на болниците во руралните региони во САД да ја добијат потребната медицинска опрема за време на пандемијата. Т.Џ. Ким носи разни материјали, како ракавици и маски, до малите изолирани болници во текот на своите часови по летање. Тинејџерот ги пренел првите материјали на 27 март до мала болница во град во Вирџинија, САД.

- Сите болници имаат проблем со набавување на материјали, но руралните болници се навистина заборавени - изјавил Ким.


Фото: Youtube

Во време кога училиштата се затворени, средношколецот се сетил на креативното решение кое му помага да остане активен, но и да им помогне на оние што имаат потреба.

На последниот лет средношколецот пренел 3.000 ракавици, 1.000 визири, 50 маски, 20 пара заштитни очила и 10 шишиња гел за дезинфекција. Дестинацијата била болница во Вудсток. Според Ким, најтешко е да се набават материјалите.


Автор: Луиз Хал
Извор: independent.co.uk 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование