Исповед на средношколецот кој не беше прифатен :
„Не е лесно кога менувате средина. Друго училиште, друга работа, ново друштво – потребно е трпение и труд за да се вклопите, бидејќи впишано е во самото битие на човекот дека треба да биде дел од група и да остварува односи со останатите. Не би требало да се водиме според убедувањата на Томас Хобс – човек на човека му е волк. Некогаш навистина знаеме да се однесуваме како диви животни меѓу себе. Сега замислете повлечено дете како седи само во прва клупа во некое средно училиште – не сака со никого да зборува. Тоа дете бев јас.
Децата се сурови и тоа не е непознато. Се ќе направат за да бидат во центарот на вниманието и да бидат сакани во друштвото. Кога не сте наметливи, па уште и не зборувате на начин на кој другите зборуваат и кога ве интересираат сосема други работи, а осудени сте да бидете со нив – логично е да не се вклопите.
Гимназиските денови на самиот почеток не беа воопшто симпатични. Секогаш ми беше тешко кога бев меѓу нови луѓе, а тогаш особено се чувствував непријатно. Седев во прва клупа бидејќи класниот така ми рече, а потоа го поставу прашањето – дали некој сака да седи со мене, но немаше одговор.
Да се разбереме, не имаше во парен број во одделението, но момчето од последната клупа не сакаше да седне до мене во првата клупа, ниту пак класниот сакаше да го премести кај мене. Никаков проблем, вистина е дека местото е неблагодарно, но постојат и полоши работи во животот. Редовно се туширав, ја миев косата, забите и гардеробата, но од некоја причина децата воглавно бегаа од мене.
Па кој ќе се дружи со дете кое е отпадник, бидејќи не е кул? На страна тоа што никој не сака да се дружи, Боже мој, го преживеавме и тоа што бев честа мета на потсмев.
Кога сте момче, општествено е прифатливо да се однесувате на одреден начин. Ако гласот ви е „потенок“, ако немате афинитети спрема спортот и имате астма, знајте дека момчињата кои се во пубертет, ќе ви го направат животот пекол. На професорот по физика му сметаа моите „нежни гримаси“ додека одговарам, професорот по физичко не можепе да ме смисли бидејќи моите родители на почетокот на учебната година дојдоја да го замолат да не ме форсира на часот заради Вентолин пумпата која не ја испуштав од раце. Бидејќи професорот сакаше да биде фраер пред одделението, не одведе на стадион да трчаме, а подоцна беше обвинет за педофилија и суспендиран од училиштето. Бидејќи се спремало невреме тој на сите им рече да престанат со трчањето за да не накиснат, но затоа мене ме остави да се мачам. Имено, прво ми кажа дека не морам да трчам ако не можам, но бидејќи сите трчаат зошто тоа да не го правам и јас. И тоа баш кога почна да врне. Другите се сокрија кај трибините, а мене намерно ме остави да направам круг по дождот додека другите гледаат. Тој се смееше и велеа дека можам јас и подобро. По неколку дена добив воспаление на белите дробови.
Нема криење позади „мајкиното здолниште“ бидејќи тоа е улгата на родителот. Родителот е тука да каже ако некој го малтретира неговото дете, а надредените во училиштето се должни да реагираат. Кого го интересира што имам воспаление на белите дробови бидејќи не сум можел да кажам дека нема да трчам. Ме уби почитувањето кон авторитетите и постарите.
Три недели инекции и закрепнување, а потоа за добредојде на клупата ме чекаа навредливи пораки од моите „другари“ од училиште. Бидејќи примав инекции и децата имаа смисла за хумор, навредите на сметка на ммојата сексуалност, изглед и позадина само се нижеа.
Класниот тврдеше дека тоа го направиле од другото одделение кое ја дели училницата со нас во втора смена, останатите се смееја, а јас морав да научам да ги игнорирам другите.
Тогаш сфатив дека некои луѓе никогаш нема да ве прифатат, колку и да се трудите да бидете добри со нив. За жал, во тој период научив да голтам навреди и да не се жалам бидејќи тоа средно образование нема да трае засекогаш. И не трае. Пред крај на средното училиште, пронајдов друштво кое го разбираше моето болно интересирање за мелодија, октави, терца, гејминг и фасцинираност од грчката митологија.
Неверојатно е како траумата од детството може да се влече по вас во текот на целиот живот. Одењето на факултет ја промени целосно мојата перцепција кон луѓето бидејќи одеднаш се најдов пред луѓе кои ме пруфатија, што за мене беше чудно. Сепак, во одредени ситуации се чувствувам како преплашено момче од средно кое стравува дека луѓето погрешно ќе го сфатат, ќе го потценат и навредат.
За среќа, растеме и се развиваме. Го бараме она што ни одговара и што не прави среќни. Не е лошо понекогаш да кажете на своите деца дека е сосема во ред ако некој не е ист или сличен на нив. Стравот од непознатото и она што луѓето не го знаат, ги тера да се однесуваат сурово спрема другите. Мора многу време да помине пред да стигнеме до точка кога едни со други ќе се уважуваме, без разлика на изгледот, говорот и различните интереси.“