X
 28.02.2020 Живот

Машката верзија на „Be a lady they said“ го запали „Твитер“

Виралното видео што ги обележа претходните неколку дена и кое ни ја затрупа почетната страница на „Фејсбук“ доби и машка верзија, но не ѝ се допадна на публиката. „Be a lady they said“ на Синтија Никсон во изведба на маж не е совршен начин за почнување на денот, а твитерџиите го кажаа и своето мислење и малку е непријатно.

На почетокот од неделава видеото на Никсон ја обиколи планетава и доминираше на сите социјални мрежи. Актерката во видеото кажува фрази кои на жените им се всадуваат уште од мали, а сега српскиот маркетинг-експерт за социјални мрежи - Петар Васиќ објави машки одговор на темата и тоа го направи прилично иронично.

На почетокот од видеото тој, на ист начин како што тоа го направи Синтија, почнува да ниже пораки: „Велат, биди машко. Биди јак. биди нежен. Биди силен. Заработувај пари. Немој да зборуваш за работата. Ти зборуваш само за работата. Никогаш не знаеш што сакаш. Никогаш не знаеш што сакам јас“. Потоа снимката одеднаш се прекинува и Петар апелира веќе да не се снимаат вакви видеа кои прават раздор меѓу мажите и жените наместо да ги зближуваат.

View this post on Instagram

Zanima me vaš iskren komentar

A post shared by Petar Vasić (@petarvasic) on


Секако, клипот на Петар предизвика и бурни реакции на „Твитер“, претежно негативни.

Доколку сте го пропуштиле видеото на Синтија, погледнете го во продолжение.

Be a Lady They Said from Paul McLean on Vimeo.

 

Извор: Noizz

Насловна фотографија: Vimeo (printscreen)

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот