Некогаш е тешко да се замисли дека познатите личности би можеле да работат нешто друго освен она по што веќе ги знаеме.
Тешко можеме да ја замислиме Мадона како пишува приказни за деца или Метју Меконахи како предава на факултет. Но, во Холивуд сè е можно. Метју Меконахи работи како професор на Универзитетот во Тексас. Тој од есенскиот семестар предава на насоката за радио-телевизија, и тоа предмети поврзани со филмската уметност и пишување сценарија.
Освен што е врвна поп-ѕвезда, Мадона е и автор на детски книги. Досега напишала неколку книги за деца. Нејзините приказни се фокусираат на моќта на девојчињата и испраќаат пораки во кои им се советува да се прифатат и сакаат такви какви што се.
Џастин Тимберлејк, освен што е одличен музичар, има сопствена социјална мрежа - „Мајспејс“. Актерот Том Селек има ранч за авокадо од 20 хектари, а Сандра Булок е сопственичка на пекарница во Остин. Стивен Сегал работи како обичен полицаец, а долги години бил заменик-началник во округот Џеферсон.
Лејди Гага напишала готвач со вкусни италијански рецепти. Нејзината книга се вика „Џоан Траторија“. Инаку, нејзиниот татко е сопственик на ресторанот „Џоан Траторија“ во Њујорк. Во книгата пејачката пишува и за нејзината семејна традиција и кулинарството.
Ексцентричната рок-ѕвезда Мерлин Менсон освен музиката сака и уметност. Тој имал и уметничка изложба во Виена. Во текот на интервјуто тој изјавил дека е прилично разочаран како се постапува со уметниците.
Ештон Качер не само што е добар актер, туку е и одличен бизнисмен кој заработил милиони со добри инвестиции. Најмногу заработил од неговите акции во „Скајп“ и „Ербиенби“, а инвестирал и во „Спотифај“.