X
 05.11.2019 Живот

Наместо бакшиш, келнерка добила лоз вреден 50.000 долари


Келнерка од американската сојузна држава Мисури наместо бакшиш, добила ливче од лотаријата „Пауербол“, па освоила 50.000 долари.

Тејлор Раси раскажува дека лозот го добила од редовен гостин во кафулето каде што работи. Тој често подарувал лоз кога нема ситно за бакшиш.

- Тоа е симпатично од негова страна - изјави таа во интервју за „Њујорк пост“.

Среќната добитничка од своите надредени ја дознала веста дека добитниот лоз е уплатен во околината.

- Но, нема да ја напуштам работата поради ова, оти не ми доволно за до крајот на животот. Сѐ уште морам да работам - истакна О’Фалон.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот