Кога патувате, веројатно често се прашувате колкав бакшиш треба да оставите во ресторан или во кафуле. Бакшишот се разликува од земја до земја, а зависи и од видот на услугата. Во некои земји, како САД, бакшишот може да се смета за задолжителен во многу сектори. Меѓутоа, во некои земји не се охрабрува оставање бакшиш.
Мапа направени од веб-страницата „Хавајан ајлендс“ ги покажува навиките за оставање бакшиш во ресторан во 162 земји низ светот. Од мапата се гледа дека во САД се препорачува оставање бакшиш од 20 отсто од сметката за келнерите, но бакшишот може да се смета за навредлив во Јапонија, Кина и во Јужна Кореја.
На мапата, бакшишот кој се смета за вообичаен во Македонија изнесува 10-15 отсто од сметката. Во земјите од регионот вообичаено е да се остави бакшиш од 10 отсто. Мапата во голема резолуција може да ја погледнете
овде.
Извор:
Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay