Србија наскоро би можела да го легализира бакшишот што гостите им го оставаат на вработените во рестораните. Тоа неодамна го најавил министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, а го поддржува и Здружението на хотелиери и угостители „Хорс“.
Според сегашниот закон, инспекторите го казнуваат вишокот готовина што ќе го најдат во касата или кај келнерите. Здружението „Хорс“ предлага бакшишот да се ограничи на 10 отсто од сметката и да се пријавува на благајната.
За ова сè уште се расправа, а се споменува и дека бакшишот може да се движи од 10 до 12 отсто од сметката, пренесува „Индикатор“.
Угостителите во Србија изјавуваат дека нема да ги намалат цените на услугите поради можниот нов закон, а можеби платата на вработените ќе се намали за сумата што би ја добивале како бакшиш.
Во САД бакшишот е задолжителен и изнесува 25 отсто од сметката, но доколку гостинот не е задоволен, може да остави и помала сума. Во Велика Британија бакшишот се движи од 10 до 15 отсто од сметката, а оние што не се задоволни не мора да дадат ниту фунта.
Извор:
Indikator
Фото: Pixabay