Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо оставил неверојатни 20.000 евра бакшиш за вработените во грчкиот хотел во кој престојувал десет дена.
Португалецот, кој неодамна премина од шпански Реал Мадрид во италијански Јувентус, престојувал во луксузниот ресорт „Коста Наварино“ на Пелопонез. Наводно Роналдо бил импресиониран од гостопримливоста на персоналот во хотелот, па решил да остави огромен бакшиш, кој сакал да им биде еднакво поделен на вработените.
Според грчките медиуми, секој од десеттемина вработени што имале задача да ја услужуваат фамилијата на Роналдо и да ги држат понастрана папараците добил по две илјади евра.
Наводно годишната плата на Роналдо во Јувентус ќе биде околу 30
милиони евра.