Син ми има 4 години, а од 2 години посетува дефектолог поради доцнење на говорот. Говорот сега е присутен, веќе не посетува дефектолог бидејќи таа вели дека е исклучително интелигентно дете. Но, во градинка има некој страв. Ги сака воспитувачките, никогаш не зборува лошо за нив, но ако зборуваат на повисок тон, го фаќа паника, стегнат е, не е опуштен во игра со децата, одбива да јаде. Сѐ што прави е затоа што така му наредиле и не ужива во тоа. Исто така, не сака да носи фармерки, кошули и што било што не му е удобно. Но дома со брат му е сосема спротивно, си играат, јадат заедно, се гушкаат, се смеат, се караат, зборуваат тивко, зборуваат гласно, нормален братски однос. Ве молам за совет како да го надминеме стравот и паниката што ги има во градинка?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк