X
 18.02.2022 Живот

Ќерка ми не се срами од ништо и сака да е главна во сѐ, па другарчињата ја избегнуваат. Како да ѝ помогнам?

Ќерка ми има 7 години и моментално е трето одделение. Уште од прво одделение (а и пред тоа) имаме проблем со концентрација. На почетокот тоа го препишував на малата возраст (5 години и 10 месеци во прво одд.) но со оглед на тоа што сѐ уште се провлекува, јасно е дека не е до годините.

Она што сметам дека е важно да го напоменам е дека таа е таква уште од најрана возраст, никогаш не можеше да го задржи вниманието на една игра, секогаш игрите ѝ стануваа здодевни по 5 минути и бараше нова игра, речиси никогаш не си играше сама, ниту пак знаеше да седне и да гледа цртан подолго време. Таа беше многу болешливо дете и постојано беше со висока температура, па постојано беше разгалувана, на што моментално не се гордеам како родител. Тоа што е родена како прво дете и прво внуче, уживајќи во статусот на единствена на која ѝ се посветуваше внимание од сите страни, верувам дека си го направи своето.

Сега повеќе ме загрижува тоа што почнува да не се срами од ништо, да има премногу самодоверба која често е надвор од границите, сака да е главна на училиште до степен на агресија и ја интересира сѐ освен тоа што треба. Незаинтересирана е за материјалот и почнува да не ги извршува задачите што ѝ ги дава наставничката.

На училиште ја интересира што прават другите деца, што носат, какви предмети имаат и иако таа има сѐ, секогаш другото е поубаво.
Знае да ми каже дека никој не ја сака и дека никој не сака да се дружи со неа. Нема проблем со социјализација, отворена е за другарство, но имам чувство дека е премногу нападна со децата, да не кажам агресивна и затоа ја одбегнуваат.

Ве молам за совет како да ја насочам во правилната насока.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот