Речиси секоја земја има странски студенти, но нивниот број се разликува од земја до земја.
Изминатава деценија бројот на странски студенти во европските земји е во пораст. Процентот на странски студенти е најголем во земјите од Западна и Централна Европа, каде што 10-15 отсто од студентите се од странство.
Податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за 2020 година покажуваат дека од земјите во Европа, Луксембург има најголем процент на странски студенти - 48,4 отсто. Следуваат Обединетото Кралство со 20,1 отсто, Швајцарија со 18,1 отсто и Австрија со 18 отсто.
Од друга страна, Турција има најмал процент на странски студенти во Европа - 2,3 отсто. Грција има само 2,8 отсто, а Италија има 2,9 отсто.
Извор:
Landgeist
Насловна фотографија: Pixabay