Приватните универзитети во земјава, во последните две студиски години запишуваат повеќе
студенти за разлика од пред неколку години. Ова значи дека матурантите се одлучуваат и за
приватно образование кое чини многу повеќе од државното. Дека кризата со недостаток на
студенти од 2012 година се надминува ни потврдија и од повеќето приватни универзитети.
Потврда за ова добивме и во податоците од Државниот завод за статистика кои факултети.мк
ги сумираше. Каков ќе биде резултатот од уписите од оваа година, се уште не знаеме бидејќи
уписите се во тек.
Во ланската студиска година на приватните универзитети, во прва година се запишале 2.839
студенти, а на државните факултети таа бројка изнесува 16. 032. Во овие бројки спаѓаат и
студентите кои се запишале повторно во прва година. Ова значи дека околу 17.7 отсто од
матурантите се одлучиле за приватните факултети или околу 800 студенти повеќе за разлика
од 2012. На приватните факултети лани студирале вкупно 7.244 студенти, а на државните
универзитети 51.845.
Најмногу студенти се одлучиле за студии на
Универзитетот на Југоисточна Европа- Тетово,
вкупно 732. Меѓународниот балкански универзитет од Скопје запишал 471 студент, а
Универзитетот за туризам и менаџмент, Скопје- 290 бруцоши.
Во 2013/14 година пак, приватните факултети имале помалку запишани матуранти за разлика
од лани. Вкупно 2.403 студенти се одлчиле за приватно високо образование. Во оваа година
државните факултети примиле 16.691 нови студенти. Вкупно бројот на студенти во државно
образование на додипломски студии изнесувал 51.093, а на приватните 6.384 студенти.
Најмногу студенти во приватното образование во прва година повторно се запишале на
Универзитетот на Југоисточна Европа- Тетово – 726. Втор по бројот на запишани бруцоши
со 347 е повторно Меѓународниот балкански универзитет од Скопје, а потоа следат
Европскиот универзитет од Скопје и Универзитетот ФОН од Скопје со над 200 студенти.
Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, запишал 156 студенти.
Во 2012/13, за разлика од минатите години приватните факултети во прва година запишале
само околу 2.000 студенти. Пред седум години пак приватното образование имаше и по 4.000
нови студенти годишно.
Министерството за образование и наука прави и национално рангирање на државните и
приватните униеверзитети. Две години по ред најдобар универзитет е државниот УКИМ. На
послдното рангирање најдобар приватен универзитет е Универзитетот на Југоисточна
Европа- Тетово, Универзитет Американ колеџ Скопје.