X
 25.09.2019 Живот

Кои се можните решенија за сѐ погладната планета?

Секој ден во светот околу 2.000 хектари обработливо земјиште стануваат премногу солени, а одржувањето на посевот е неисплатливо.

Секое земјиште е природно чувствително на натриум или натриум хлорид (или на двете), кои се акумулираат во него. Лошата дренажа може да предизвика нивно задржување во почвата. Кога ќе се собере околу коренот, тоа го отежнува растот на растенијата. Сè на сè, како што покажува едно истражување, повеќе од 62 милиона хектари наводнувано земјиште станале необработливи. Колку за споредба, тоа е површина голема речиси колку Франција.

Земјоделците од областа Саткира во Бангладеш ги претвораат полињата во рибници и фарми за ракови бидејќи веќе не се погодни за одгледување растенија поради салинитетот.

Сепак, според Мансур Кадир, експерт за земјиште и наводнување од Универзитетот на ОН, земјоделците нема да бидат единствените што ќе работат на отстранување на овој проблем. Тој вели дека наместо тоа, владите ќе мора во голем обем да спроведат дренажа на полињата.

Побрзо решение би можело да дојде од самите растенија. Истражувањата посочуваат дека прехранбените растенија како пченка и пченица би можеле да бидат генетички модифицирани за да стекнат карактеристики како морските алги, кои одамна развиле отпорност на сол.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот