Развојот на технологијата е толку брз, што луѓето не можат да го следат. Освен тоа, регулацијата на новите технологии е долготраен процес.
Една работа што веќе почнува да се регулира низ светот е употребата на автономни возила. Денешните закони се пишувани за време во кое зад воланот седел возач.
Некои пазари почнаа да се приспособуваат на новите автономни возила, но тоа не е случајот со американската држава Калифорнија. Поради дупка во законот, таму полицијата не може да изрече казна за пребрзо возење за автомобилите во кои нема возач.
Во законот стои дека може да се казни само автомобил во кој се наоѓа возач.
Иако автономните автомобили не може да бидат казнети за брзо возење, тие не се имуни на казните за непрописно паркирање.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay