X
 11.03.2019 Наука

Топлотни бранови што не би ги преживеале над 500 милиони луѓе

Истражувачите од Институтот за технологија во Масачусетс предупредуваат дека ако климатските промени и понатаму останат исти, повеќе од половина милијарда луѓе, од 2070 година натаму, ќе доживеат топлотни бранови што ќе ги убиваат дури и здравите луѓе во рок од 6 часа. Температурата на влажна светилка (WBT) ќе надмине 35 Целзиусови степени, при што секое тело (секој цицач) нема да може да се излади, ќе се прегрее и ќе се „исклучи“.

Биле проучени три региони: Кина (2018), Јужна Азија (2017) и Персискиот Залив (2015). Истражувачите предвидуваат WBT над 35 Целзиусови степени околу еднаш на секоја деценија за северните рамнини во Кина (400+ милиони луѓе), на локации во платото Чота Нагпур, Аевероисточна Индија и Бангладеш во Јужна Азија (70+ милиони луѓе). Регионите на Персискиот Залив што ќе бидат засегнати ги вклучуваат градовите како Доха, Катар, Абу Даби, Дубаи и Бандар Абас (Иран).

Вкупниот број на засегнати лица ќе биде поголем од половина милијарда. Едно истражување ги идентификува регионите низ светот што најверојатно ќе го надминат прагот на издржливост по 2070. Тие, исто така, ги вклучуваат источниот дел на САД, Северна Латинска Америка и Северна Австралија.

Температурата на влажна светилка поголема од 35 Целзиусови степени повеќе од неколку часа не е измерена во историјата на човештвото (сè уште). Во 2015 година имаше тешка епизода во Јужна Азија со 30 Целзиусови степени температура на влажна светилка што доведе до 3.500 смртни случаи.

Дали климатизацијата тогаш ќе помогне? Не, затоа што „совршената бура“ ќе го погоди напојувањето. Климатизацијата на високи температури води до повеќе од 20 отсто дополнителна побарувачка за електрична енергија, додека истовремено електричната мрежа станува помалку ефикасна, а нуклеарните и гасните фабрики обезбедуваат помала моќност поради потоплата вода што се лади и има поголеми шанси трансформаторите да се прегреат, што доведува до прекини на електричната енергија. Исто така, би било тешко обновливата енергија да ја исполни највисоката побарувачка. Без решенија, споменатите области навистина ќе станат непогодни за живеење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука