X
 30.04.2024 Технологија

Бидете внимателни: Лажно ажурирање на „Гугл Хром“ за „Андроид“ инсталира тројанец што пристапува до вашите апликации за „е-банкарство“

Корисниците на „Андроид“ се предупредуваат за појавата на лажна надградба за „Гугл Хром“, која ги измамува да инсталираат тројанец, дел од малициозен софтвер познат како „Броуквел“. Овој тип на вирус се преправа дека е обична апликација, но откако ќе се инсталира на телефонот, станува злонамерен и штетен.

Тројанецот „Броуквел“ е познат по тоа што ги собира личните податоци на сопствениците на телефони, а исто така може да му дозволи на напаѓачот далечински да ја преземе контролата врз целиот телефон со „Андроид“ систем. Исто така, може да ги шпионира корисниците и да пристапува до банкарските апликации со празнење на сметките на жртвите погодени од овој тројанец.

Лажно ажурирање на „Хром“ инјектира тројанец

„ТриФабрик“, холандска компанија за сајбер безбедност, вели дека има многу добра причина зошто зборот „брејк“ е вклучен во името на Тројанецот.

-Анализата на примерокот откри дека „Броуквел“ претставува значајна закана за банкарската индустрија, обезбедувајќи им на напаѓачите далечински пристап до сите средства достапни на сметката на жртвата, преку апликација за мобилно банкарство. Тројанецот се чини дека е во активен развој, со нови команди кои се додаваат речиси секојдневно.

Тројанецот „Броуквел“ користи лажно ажурирање на прелистувачот „Хром“, што изгледа речиси како вистинското, и лесно е да се погоди како корисникот на паметен телефон може да биде измамен да го инсталира. Малициозен софтвер го користи она што е познато како техника на „преклопување“. Лажен екран се поставува над целна апликација (како што е банкарска апликација) и ги снима информациите за најавување, вклучувајќи ги корисничкото име и лозинката специфични за апликацијата.

Со „евидентирање на пристап“, малициозен софтвер ги снима сите допири, внесување текст, лизгање, отворени апликации и прикажани информации. Овие податоци се испраќаат до сервер за команди, контрола и кражба на идентитет. Бидејќи секој настан е снимен од тројанецот, сите апликации преземени на телефонот се ранливи. Кога малициозниот софтвер ги краде ингеренциите на корисникот на телефонот, напаѓачите можат далечински да ја преземат контролата над телефонот.

Тројанецот „Броквел“ е сериозна закана. Ако добиете ажурирање за прелистувачот „Гугл Хром“ за „Андроид“, задолжително игнорирајте го. Секогаш можете да ја ажурирате апликацијата преку „Гугл Плеј Стор“ и на крајот е неспоредливо побезбедна.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија