„Спејс екс“ наскоро ќе ја лансира првата човечка вселенска мисија. Ракетата на компанијата ќе ги однесе астронаутите на
НАСА, Боб Бенкен и Даг Харли, до Меѓународната вселенска станица.
Мисијата ќе биде првата во која американски астронаути ќе го започнат патувањето од американска почва. Последната ваква мисија била во 2011. Мисијата претставува и нов чекор во комерцијализацијата на вселенските патувања бидејќи приватна компанија го дизајнирала и ќе го оперира лансирањето.
Фото: Pixabay
Лансирањето на ракетата која ќе ги однесе астронаутите до станицата ќе може да се следи онлајн. Тоа е закажано за 27 мај со почеток од 22:33 според средноевропско време. Преносот ќе започне четири часа порано, а може да го следите во видеото долу. Пред и по лансирањето ќе бидат прикажувани многу други поврзани материјали.
Автор: Џорџина Торбе
Извор:
digitaltrends.com