X
 06.03.2024 Живот

Само три лица на планетава можат да патуваат без пасош

Кога обичните смртници ги пакуваат куферите за патување преку границите, првото нешто на списокот е пасошот. Но, замислете свет во кој не ви треба пасош за да патувате. Звучи како научна фантастика? За тројца луѓе на планетава тоа е секојдневие!

Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, и јапонскиот император Нарухито и царицата Масако патуваат низ планетата без пасош. Оваа необична привилегија не е нова во светот на високото благородништво - Чарлс ја наследил по смртта на кралицата Елизабета Втора, која исто така уживала во слободата на движење без документи.

Ова важи и за Камила, сопругата на Чарлс, од која се бара со себе да има дипломатски пасош. Што се однесува до Јапонија, на 10 мај 1971 година јапонското министерство издало документ во кој се наведува дека би било крајно несоодветно да се издава пасош за император или царица. Но, немојте да мислите дека ова правило се протега на сите благородни титули. Другите членови на кралските и царските семејства мора да поминуваат низ редовните процедури и дипломатските пасоши.

Како овие три лица ги заобиколуваат границите?


Кога јапонскиот цар и царицата ќе пристигнат во странска земја, наместо да чекаат ред за контрола на имиграција, нивното доаѓање се најавува со посебен документ издаден од јапонското министерство. Слично на тоа, кога кралот Чарлс III ги планира своите кралски посети, неговиот доверлив помошник, сер Клив Алдертон, ја презема должноста да ги информира домаќините за пристигнувањето на кралот.

Привилегија или неправда?

Иако повеќето од нас можат само да му позавидат на овој начин на патување, прашањето е дали е праведно да ја имаат оваа привилегија. Зошто само одредени луѓе треба да имаат право на ваква слобода, додека остатокот од светот треба да се справува со бирократијата?

Во меѓувреме, додека кралевите и императорите се движат слободно, обичните граѓани внимателно ги избираат своите дестинации, врз основа на силата на нивните пасоши. Најновиот извештај за глобално рангирање на пасоши, како најмоќните пасоши за 2024 година ги прогласи оние на:

-Франција
-Германија
-Италија
-Јапонија
-Шпанија
-Сингапур,

кој е на врвот на листата, овозможувајќи им на граѓаните да патуваат без визи во 194 земји во светот.

Извор: 24sedam.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот