Замислете како уживате во убава вечер со вашиот партнер во близина на Ајфеловата кула во Париз. Откако ќе се препуштите на класичната француска кујна, откако ќе прошетате по кладрмите на Париз и ќе ги поминете сите кафулиња, стигнувате до лобито на хотелот, ги земате клучевите, се бакнувате за добра ноќ и секој си оди во посебна соба. Откако ќе си ставите пижами, си легнувате сами.
Ви звучи апсурдно? Можеби, но паровите сега го избираат трендот „развод во сон“, особено за време на одморите.
За каков тренд станува збор?
„Развод во сон“ е растечки тренд во туристичката индустрија каде што паровите избираат да спијат во посебни кревети и посебни соби за да си го подобрат квалитетот на сонот. Паровите кои се на одмор се одлучуваат за овој тренд за убаво да се одморат. Оваа практика помага во елиминирањето на некои од вообичаените нарушувања на спиењето како што се 'рчење, несоница, жештини, немирни нозе и различни распореди што може да резултираат со замор и да ја расипат целата забава на патувањето. Овој начин на спиење обезбедува и личен простор и затоа голем дел од паровите се одлучуваат за овој аранжман за спиење.
Според извештајот „Хилтон 2025 трендс“, речиси две третини од патниците или 63 отсто признаваат дека спијат подобро кога спијат сами.
- Всушност, 37 отсто од патниците претпочитаат да не спијат во ист кревет со партнерот кога патуваат, а оние што патуваат со деца сметаат дека е најдобро да спијат одделено од децата кога патуваат - се вели во извештајот.
Иако името „развод во сон“ е погрешно, истражувањата сугерираат дека овој тренд може да биде од корист за односите, особено меѓу брачните парови, доколку имаат проблем со квалитетен сон, без оглед дали се на одмор.
- Знаеме дека лошиот сон може да го влоши расположението, а оние што се лишени од сон имаат поголема веројатност да се расправаат со партнерите. Добриот сон е важен и за здравјето и за среќата, така што не е изненадување што некои парови избираат да спијат одвоено за нивната севкупна благосостојба - вели д-р Сема Хосла.
Затоа, кога следниот пат ќе го планирате одморот, проверете дали резервирате брачен кревет во хотелот или одделни соби и дајте му шанса на „развод во сонот“ за да видите дали ќе го подобри квалитетот на вашето романтично бегство.
Извор:
Indiatimes.com
Фото: Freepik