X
 06.04.2021 Живот

Нуркачи го снимија најдлабоко потонатиот брод во светот

Двајца поранешни американски поморски офицери ги снимиле остатоците од најдлабоко потонатиот брод во светот. Тој се наоѓа на длабочина од 6,5 километри, а тие стигнале до него во специјална мала подморница на „Каладан оушеаник“.


Бродот „У. С. С. Џонстон“ е воен брод долг 115 метри кој лежи на дното на Филипинското Море. Тој пoтонал за време на битка со Јапонија во Втората светска војна, во 1944.


Бродот првпат бил снимен во 2019 г., а во март нуркачите Виктор Л. Весково и Паркс Стивенсон стигнале до бродот во мала подморница. Тие успеале да снимат кадри со висок квалитет и да направат пресметки за скицирање на бродот.


За да го лоцираат бродот, двајцата нуркачи анализирале информации за битката од САД и од Јапонија. Тие положиле венец на дното во чест на оние што починале во битката, пренесува „Инсајдер“. 


Автор: Миа Јанкович
Извор: insider.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот