X
 15.04.2021 Живот

Морнар четири години живее на напуштен товарен брод

Мухамед Аиша од Сирија веќе четири години живее на товарен брод, а последните неколку месеци останал сосема сам на бродот. Бродот е заглавен покрај брегот на Египет поради проблеми со документацијата.

Впрочем, документите му ги зголемиле проблемите на Мухамед бидејќи не знаејќи потпишал документ за старателство на бродот и законски не смее да го напушти. Властите го имаат пасошот на Мухамед и ќе му го вратат откако ќе се продаде бродот, кој е ставен на аукција.

Во меѓувреме, Мухамед живее на бродот на кој нема ни струја ни вода. Тој плива до брегот за да ги наполни технолошките уреди. Приказната на Мухамед е пренесена од страна на Би-би-си во видеото што следува.


Извор: bbc.com
Фото: Принтскрин/bbc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот