X
 13.02.2020 Здравје

Македонец од бродот „Дајмонд принцес“ има коронавирус

Кај еден од тројцата Македонци на бродот „Дајмонд принцес“ е потврдено присуство на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство. Македонецот е хоспитализиран во Јапонија, а амбасадата на Македонија во Токио е во комуникација со него.

- Министерството за надворешни работи на нашата земја, преку амбасадата во Токио, редовно ја следи состојбата на македонските државјани што се наоѓаат во Јапонија и остварува комуникација со надлежните јапонски органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот - соопштија од Министерството.

Оттаму апелираат и на следење и почитување на мерките за превенција:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;

• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на свежа храна и да се мијат задолжително рацете по секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца тие убаво термички да се обработат;

• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитна опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;

• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;

• Заштита на другите од заболување – при кашлање или кивање да се заштитат устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни, задолжително да се мијат рацете.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје