Животот во Париз не е евтин. Просечните цени за изнајмување стан во главниот град на Франција зависат од локацијата и од големината на станот. Еднособен стан може да се најде по цена од 1.000 до 2.400 евра. Но, ако не сте премногу пребирливи, можете да најдете и поевтино сместување.
Јутјуберот Викрам, познат по прекарот Тимвикс, живеел во Париз во микростан од само 9 квадрати и плаќал месечна кирија од 750 евра.
Иако станува збор за мал простор, во станот имало место за кревет, шпорет, мијалник и мал фрижидер, биро, па дури и туш-кабина. Исто така, имало место и за чување лични предмети, од облека до намирници, тенџериња и прибор.
Единственото нешто што му фалело во станот бил тоалетот, кој се наоѓал во ходникот надвор од станот и кој јутјуберот го делел со друг сосед.
Освен релативно ниската кирија за Париз, најдобриот дел од овој стан е погледот. Не само што големиот прозорец визуелно го зголемува просторот, туку нуди и поглед на Ајфеловата кула. Поради близината до центарот на градот и метро-станиците, лесно е да се стигне до кој било дел од Париз.
Како изгледа животот во ваков микростан, погледнете во видеото.
Фото: Freepik