Како дел од политиката на гувернерот Рон де Сантис во Флорида, образовните власти ја укинаа обврската социологијата да биде задолжителен предмет на јавните универзитети. Оваа одлука дојде по реакции и несогласувања од професори и синдикати поради нови учебници што биле опишани како напад на академската слобода и како ослабена верзија на дисциплината.
Канцеларот на државниот универзитетски систем изјави дека не ја убија социологијата, туку таа сама се уништила.
Одлуката, донесена на 26 март, на состанок на одборот на гувернери на Државниот универзитетски систем на Флорида, дојде како директен одговор на негодувањето и отпорот од професори по социологија и факултетски синдикати поради новите учебници опишани како навреда за академската слобода.
- Социологијата како дисциплина сега е социјален и политички активизам маскиран во академска форма. Јас и мојот тим не сме виделе вакви проблеми во други дисциплини како историја или политички науки. Медиумите поставија лажен избор пред одборот денеска - или ја нарушувате академската слобода и го почитувате државниот закон или го нарушувате државниот закон и ја почитувате академската слобода. Мојата препорака до вас е да го отфрлите тој лажен избор - изјави канцеларот Реј Родригес пред одборот.
- Ние не ја убивме социологијата. Социологијата изврши самоубиство - додаде тој.
Забраната, сепак, дозволува социолошки предмети да се нудат како изборни предмети или за студенти кои се запишани на студии по социологија, но 12. јавни универзитети во Флорида повеќе нема да смеат да ја бараат социологијата како задолжителен предмет во општото образование за сите студенти.
На состанокот Родригес парафразира изјави од професори по социологија, ставови од Американската социолошка асоцијација и напис објавен во „Гардијан“ за професори во Флорида кои се спротивставуваат на насоките од Државниот универзитетски систем за тоа како да ги предаваат своите предмети.
- Внимателно слушав, ги прегледав нивните одговори и сакам да ви претставам само дел од тие одговори бидејќи тие влијаеја врз препораката што ќе ви ја дадам денес. На Универзитетот во Флорида, професорот Вилијам Марсилио рече: „Никогаш во мојата кариера не се случило администратори да притискаат да се предава предмет на начин што е несоодветен со академската дисциплина. Тоа е навреда за академската слобода - рече Родригес.
Извор:
People.com
Фото:
Wikipedia