X
 29.12.2019 Наша тема

Како го „преживеав“ македонското образование, зошто учебниците ни се како од среден век? Овие теми ги истражувавме неделава

Наши успешни млади научници одговараа на прашањето како го „преживеале“ македонското образование, направивме вивисекција на учебникот по социологија за средно кој ја разбранува јавноста, објавивме интервју со професорката Христина Спасевска од ФЕИТ, а актерот Горан Стојановски од Охрид ни гостуваше во рубриката „Кога бев студент“. Ова се темите што ги истражувавме изминатата недела.

Проф. д-р Христина Спасевска

Проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) вели: „Науката треба да биде движечка сила за развој на малите земји“. Таа е годинашна добитничка на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за остварување во науката, техниката и стопанството од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Спорниот учебник по социологија

„Зошто учебниците ни се како од среден век? Прељубата и абортусот се кривични дела, хомосексуалноста е девијација...“ Прочитајте ја анализата за учебникот по социологија за трета година гимназиско образование (на авторите Нелко Стојаноски, Милева Ѓуровска и Зоран Матевски) кој крена прашина во јавноста.



Сè уште е активна анкетата „Што посакувате во Новата 2020 година?“ На прашањата можете да одговорите тука.

Горан Стојановски

Инспектор Томе, Џемо Биљбиљ, Јеротие Пантиќ... ова се ликовите по кои различни генерации го препознаваат актерот Горан Стојаноски. Ужива да ја засмева публиката и тоа му успева. Вели: „Во тенк го спремав приемниот испит за ФДУ“.

Славче Таневески (лево), Ивона Василеска и Горан Кунгуловски

Како го „преживеав“ македонското образование, одговараат нашите реномирани научници, биоинженерот Горан Кунгуловски, дизајнерот во „Мерцедес“, Славче Таневски, и нуклеарната физичарка Ивона Василеска кои советуваат како учениците да научат во ваков систем на образование.

Прочитајте ја приказната за женскиот кошаркарски клуб од Петровец, кој реди успеси во Прва лига. Приказната за Сара, Маида, Ангела, Амина, Мејра, Стефанија... ги топли срцата. Беше навистина големо задоволство да се слушаат девојките како со огромна жар зборуваат за кошарката, натпреварите, другарството.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема