X
 22.12.2016 Живот

Ветувањата на најголемите светски лидери и нивното значење

Сите политичари во изборните кампањи лесно даваат ветувања. Иако повеќето од тие ветувања остануваат нереализирани, од кампања во кампања се повторува истото.

 

тајм


Се чини дека на граѓаните на Америка им се допадна она што Трамп го зборуваше во претседателската кампања, па затоа го избраа за нов претседател.

Трамп навистина даваше големи ветувања, како што е депортација на милион илегални имигранти и забрана за муслиманите да влезат во земјата. Ова се најзначајните неодамнешни ветувања на политичарите ширум светот според „Time“, и што овие ветувања зборуваат за актуелните можности во земјите кои ги водат овие политичари.

1. Ангела Меркел, Германија

Ветување: „Бурките не се соодветни за нас и треба да бидат забранети онаму каде што е законски можно“.

Што ова кажува за Германија?

Меркел остана посветена на западниот либерален поредок. Но, нејзината одлука да води политика со отворени врати кон бегалците предизвика спорови во Германија. Меркел, исто така, најави дека на есен наредената година, ќе се обиде да го освои четвртиот канцелариски мандат. Соочена со помала поддршка од граѓаните, (повеќе од 70% поддршка во летото 2015, до 55% поддршка денес), Меркел стана загрижена. Ветувањата дека ќе забрани бурки кај муслиманските жени, претставува обид Меркел да стави крај на бесот кој го предизвика поради пуштањето на премногу бегалци во земјата. Како научник, Меркел сфаќа дека поентата на идејата за преживување не е да опстане најсилниот или најпаметниот, туку оној кој е најспособен да се прилагоди на својата околина.

2. Хасан Рохани, Иран

Ветување:
„Техеран нема да му дозволи на Доналд Трамп да го уништи иранскиот нуклеарен договор“.

Што ова кажува за Иран?

Иранскиот претседател Рохани, кој на претстојните избори исто така сака да биде повторно избран, во Иран се смета за поборник на иранскиот нуклеарен договор. Иако ветуваше брз економски стимул, тоа се'уште се нема случено. Иран очекуваше раст од 8%, но според податоците на ММФ, економијата порасна за само 4.5%. За оние тврдокорни противници на договорот добра работа е што Доналд Трамп дојде на чело на Америка.

Но, Рохани сепак не греши бидејќи е уверен дека Трамп нема да го уништи нуклеарниот договор. Трамп знае дека другите потписници, особено Русија и Кина, нема повторно да воведе санкции за Иран само затоа што Вашингтон ќе покаже желба за тоа.

3. Нарендра Моди, Индија

Ветување:
„Ветувам дека ќе ја ослободам Индија од корупција. Луѓето ја избраа нашата влада за да се ослободат од црните пари“.

Што ова кажува за Индија?

На почетокот на ноември, Моди ја изненади својата земја најавувајќи дека банкнотите од 500 и 1.000 рупии повеќе нема да бидат законско средство за плаќање. Тоа предизвика протести низ целата земја затоа што овие пари сочинуваат 86% од сите пари во оптек. Моди овој потег го нарече нужна борба против затајувањето на данок. Според податоците од 2013 година, само 1% од Индијците платиле данок. Корупцијата е проблем кој го зафати секој дел од индиската економија.

Индија е една од земјите кои профитира од глобализацијата, но да се има многу пари не ја прави државата развиена - потребни се инвестиции за да се развива економијата. Со други зборови, данокот мора да се собере. Од 2014 година моди напредуваше, но за да добие мандат на изборите во 2018 година, свесен е дека за чекор напред потребни се тешки реформи.

4. Тереза Меј, Велика Британија

Ветување: „Сакаме да го доведеме вкупниот број на мигранти на одржливо ниво, а тоа значи десетици илјади. Кога ќе излеземе од Европската Унија, ќе можеме да имаме контрола на движењето на луѓето од ЕУ во Велика Британија“.

Што ова кажува за Велика Британија?

Шест месеци после Брегзитот, британските лидери се'уште дефинираат што Брегизтот значи и како да ги имплементираат. Дури 33% од гласачите гласале за Брегзит токму поради ветувањето за имигрантите. И тоа има смисла, со оглед на тоа што се работи за земја во која бројот на странски државјани двојно се зголеми од 1993 година.

Сега останува да се види дали Велика Британија ќе успее да ја исконтролира својата граница, а воедно и да задржи слободен пристап за единствениот европски пазар. Европската унија се противи на тоа, со оглед на тоа дека со почитувањето на вредностите на пазарот на ЕУ доаѓа и слободното движење на луѓето преку границите на земјите членки. Треба да се земе во предвид и дека повеќе од милион граѓани на Велика Британија живеат во други држави од Европската Унија. Останува да се види кој договор ќе биде постигнат. Во меѓувреме, двете страни ќе ги штитат воите домашни политички сили кои сакаат да дадат што помалку, а да добијат што повеќе.

5. Кси Џинпинг, Кина

Ветување: Со почетокот на 2017 година Хонг Конг ќе избере сопствена влада, но Пекинг ќе има вето на тоа кои кандидати ќе ги остави“.

Што ова кажува за Кина?

Кинескиот претседател Кси Џинпинг продолжи да ја консолидира својата моќ, повеќе од милион членови на Комунистичката партија кои се казнети поради корупција може да сведочат за тоа. Но, Џинпинг знае дека мора да го заштити меѓународниот имиџ на Кина како што таа го проширува своето влијание. Демократскиот живот во Кина е лош, а Пекинг сака да создаде впечаток на демократија во Хонг Конг без да ја изгуби контролата. Пет од седум членови на највисокото политичко тело на Постојаниот комитет на Политбирото треба да се заменат на почетокот на новата година, но конечниот збор ќе го има Кси.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот