X
 14.01.2018 Живот

Еве како Илон Маск учи и се усовршува на брз начин

маск

Милијардерот Илон Маск досега направи работи што нам ни изгледаа невозможни: изгради компании вредни четири милијарди долари, и секоја од нив е во различна област. И се чини дека нема намера да забави. Како го прави тоа?

Меѓу другите фактори, неговиот успех доаѓа од неговиот пристап кон учењето.

„Важно е да гледате на знаењето како на еден вид семантичко дрво - бидете сигурни дека ги разбирате основните принципи, односно трупот и големите гранки, пред да навлезете во лисјата, односно деталите“, вели тој.

Она што тој тука го опишува се нарекува „размислување за првите принципи“.

„Важно е да почнете од првите принципи, а не по аналогија. Нормалниот начин на кој ги водиме нашите животи е тоа што резонираме по аналогија. Ова го правиме затоа што е слично на она што другите го направиле. Со првите принципи вие стигнувате до најосновните вистини... а потоа резонирате оттаму“, вели тој.

Пред повеќе од 2.300 години Аристотел го претставил истиот начин на размислување. Според овој филозоф, првиот принцип е „првата основа од која се знае нештото“.

Со цел да ги совладате основите на кој било даден предмет, се олеснува вториот дел од методот на учење: пренесување на учењето. Овој концепт е акција за преземање на она што го учите во една област и примена на истото во друга област. На пример, она што го знаете за софтверот и технологијата треба да го примените во индустријата за воздухопловство.

Создавањето врски низ традиционалните граници е она во кое се разликува Маск од другите. Кит Холјоак, професор по психологија на Универзитетот „Калифорнија“ во Лос Анџелес и еден од светските водечки мислители за аналогно расудување, на луѓето им препорачува да си ги постават овие прашања: „На што ме потсеќа?“ и „Зошто ме потсеќа на тоа?“

Успешното користење на пренесувањето на учењето на Маск доведува до уште еден клучен збор во речникот: експерт-генералист. Ова се луѓето што се чини дека знаат за сè. Тие развиваат апетит за учење и отвореност, со што имаат поголеми шанси да извлекуваат идеи од повеќе дисциплини.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот