X
 23.08.2020 Култура

Човекот што направил милиони фалсификувајќи уметнички дела

Во период од 40 години Мекс Фалсификаторот се специјализирал во фалсификување на најскапите уметнички дела и нивно продавање како оригинали.

Неговото име е Мекс Брендрет. Тој почнал да прави фалсификати на уметнички дела како младо момче заедно со продавач на уметнички дела кој го запознал во Лондон. Во интервју за „Вајс“, кое може да се најде подолу, Брендрет објаснува како ги цртал делата, но и за начинот на кој правел тие да изгледаат стари, а со тоа да личат на оригинали.

Неговата работа го довела до затвор, па затоа тој престанал да се занимава со фалсификување дела. Сега, тој повторно се занимава со уметност, но слика свои дела.


Извор: vice.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура