Галаксијата Сомбреро е спирална галаксија во соѕвездието Девица, оддалечена околу 31 милион светлосни години. Трипати е помала од нашиот Млечен пат, додека некои понови истражувања покажуваат дека всушност станува збор за елиптична галаксија.
(
Фото: NASA/ESA and The Hubble Heritage Team)
Има многу блескав нуклеус, необично голема централна испакнатост и супермасивна црна дупка во своето средиште, како и истакната лента од прав околу својот накривен диск. Заради нејзиниот изглед, името само ѝ се наметнало. И навистина, формата целосно посетува на мексиканско сомбреро.
Интересно е тоа што оваа галаксија веќе долго време им е позната на научниците; ја открил францускиот астроном Пјер Мешен (1744-1804) уште на 11 мај 1781 година и ја опишал во своето писмо упатено до еден колега две години подоцна, така што не постои спор околу тоа кој прв ја забележал. Независно од Мешен, во 1874 година ја забележал и сер Фридрих Вилхелм Хершел, германско-британски астроном и композитор.
Исто така, во врска со галаксијата
Сомбреро, која е позната и како Месје 104, скратено М104, интересно е и тоа што се наоѓа на извесна гранична раздалеченост: доволно е далеку да не може да се види со голо око, а сепак доволно блиску да може да се набљудува преку телескоп.