X
 19.09.2016 Наука

Запис од црна дупка како голта ѕвезда


Супермасивните црни дупки се ненаситни како ѕверови. Нивната огромна гравитациска сила вшмукува сè што ќе се најде во близина, вклучително и ѕвездите.


За првпат астрономите  на инфрацрвените бранови должини забележаа што точно се случува во моментот кога црната дупка  ја „проголтува“ ѕвездата. Најинтересен е наодот кој докажува дека по вшмкувањето на ѕвездата, црната дупка емитува брилијантна блескава светлина што се шири низ просторот.

Ова го докажуваат две студии објавени оваа недела – едната од страна на НАСА, а другата од Универзитетот за наука и технологија во Кина.

Двете студии ги опишуваат овие „светлосни факели“  според податоците на WISE ( Wide-field Infrared Survey Explorer) на НАСА или во превод: Широкопојасен Инфрацрвен Истражувач – вселенски телескоп кој го фотографира цело небо со инфрацрвено светло.

„Првпат јасно се гледа како инфрацрвената светлина одекнува низ просторот“, вели Сјоерт ван Велзен, постдокторанд на Универзитетот „Џонс  Хопкинс“ и главен автор на студијата на НАСА.
Во таа студија анализирани се активностите на  три црни дупки во моментот кога голтаат ѕвезди. Истражувачите од Кина направија анализа на активностите на уште една, дополнитена црна дупка.

Техничкиот израз за ваквите небесни појави се нарекува „ ѕвездено приливно нарушување“. Кога ѕвездата ќе се најде премногу блиску до црната дупка, на  таканаречената „точка  без повраток“  на која дури и атомите на светлината не можат да избегаат, силната гравитациска сила на црната дупка  ја  повлекува во процес кој научниците го нарекоа „шпагетификација“  заради начинот на кој ѕвездата се изобличува (го губи својот препознатлив облик).

Во моментот кога ја вшмукува ѕвездата, црната дупка емитира огромна количина на енергија, вклучително и УВ и ИКС-зраци на светлина, кои уништуваат сè што се наоѓа во нивна непосредна  близина.
„Тоа изгледа како црната дупка да се одлучила да ја исчисти својата соба палејќи сè што имало во неа“, се шегува Ван Велзен.

Но, надвор од опфатот на досега најинтензивното зрачење, фрагментираната прашина започнува да формира вител. На ваква оддалеченост од околу неколку трилиони милји од црната дупка,  честичките од прашина можат да апсорбираат светлина што ја испушта ѕвездата што умира. Тие честички натаму повторно емитуваат светло на подолги, инфрацрвени бранови должини.  Научниците неодамна открија неколку емисии на ИКС-зраци од црните дупки кои се чини дека се дел од овој феномен, но всушност  новите истражувања ги потврдуваат истите активности,  пишува  Miami Herald.

Црна дупка голта ѕвезда
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука