Додека пожарите беснеат низ Русија, артистите од оваа земја на социјалните мрежи ги споделуваат чувствата за немоќност и повикуваат на итна акција за да се заштити она што останало од шумите.
Погодени се околу три милиони хектари, а смогот сега стаса и до границата со Монголија. Според рускиот тим на „Гринпис“, огнот се простира на 4,3 милиони хектари (област поголема од Данска) и тој значително придонесува за климатските промени. Од почетокот на годината, според оваа организација, изгореле вкупно 13,1 милиони хектари. Пожарите во Сибир емитираат јаглероден диоксид речиси толку колку што годишно емитираат 36 милиони
автомобили.
Во средата на руската армија ѝ беше наредено да помогне во справувањето со огнот, но многумина веруваат дека властите требало да реагираат многу порано и сакаат тие да признаат дека треба да се направи повеќе за да се стават под контрола пожарите и да се спречи нивно ширење.
Еден милион лица потпишаа петиција со која повикаа да се прогласи вонредна состојба во цел Сибир, што би осигурало инвестирање повеќе ресурси за справување со пожарите, а многу корисници на социјалните мрежи објавуваат фотографии на кои може да се види како носат маски како оние што ги носат луѓето од опожарените региони за да се заштитат од смогот. Хаштагот #сибирьгорит, што значи Сибир гори, веќе е употребен за 22.000 објави на „Инстаграм“.
Ова се неколку фотографии на уметници кои преку нивните дела изразија бес и жал за загубите.
Фото: BBC
И американскиот актер Леонардо ди Каприо сподели видео од пожарите, кое
привлече големо внимание и коментари во кои Русите му се заблагодаруваа што не е индиферентен.