X
 20.03.2020 Живот

Учесници во „Големиот брат“ последни дознаа за кризата со коронавирусот

Кога 18 учесници влегоа во куќата на „Големиот брат“ во Германија, на 6 февруари, коронавирусот само што почна да се шири во земјите надвор од Кина. Германија имаше потврдено 13 заразени, САД 12, а Велика Британија само 3. Спортските настани, концертите и социјалните собири се одржуваа и светската популација беше несвесна за кризата што претстои. За сите учесници од ова реално шоу ситуацијата остана иста.

Целта на популарната телевизиска програма е да се соберат непознати и да бидат заклучени во куќа со недели, без да имаат допир со надворешниот свет. Продуцентите се држеа до тоа, иако беа затворени границите, продавниците беа испразнети и светот беше принуден да запре.



Но, по неколкунеделна неинформираност учесниците неодамна дознаа за пандемијата, и тоа во живо на телевизија во специјална епизода на шоуто. Некои од учесниците плачеле додека гледале видео за ширењето на коронавирусот. Потоа, тие му поставувале прашања на лекарот во куќата и гледале видеа од роднини.



Извори: Си-ен-ен и Би-би-си

Фото: sat1.de

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот