08.05.2020
Здравје
Состојба со Ковид-19: Оздравени се 20 пациенти, 14 нови случаи
Во изминатото деноноќие се оздравени 20 пациенти, потврдени се 14 нови случаи на Ковид-19, а починат е еден пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април, соопшти Министерството за здравство.
Оздравените пациенти се во: Скопје-1, Куманово-9, Прилеп-2, Велес-7 и Битола-1.
Во изминатите 24 часа се направени 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.
Согласно ова, вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.
Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 531, активни 130
Куманово – 404, активни 61
Дебар – 51, активни 0
Штип-35, активни 2
Прилеп –169, активни 62
Тетово – 96, активни 42
Струга – 67, активни 16
Велес – 101, активни 46
Битола –22, активни 3
Охрид –15, активни 9
Кавадарци – 5, активни 1
Гостивар –17, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка- 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 5
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 1
Неготино -9, активни 7
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод - 2, активни 1
Пехчево- 2, активни 2
Делчево-1, активни 1
Валандово -1, активни 1
Виница – 2, активни 1
Кратово-1, активни 1