Експертите за јавно здравје од целиот свет се подготвуваат за можна појава на коронавирусот во нивните земји. Досега има потврдени 80.289 случаи низ целиот свет, од кои 77.660 во Кина.
Забележани се случаи во Јужна Кореја, Јапонија, Тајван, Тајланд, Макао, Хонг Конг, Сингапур, Виетнам и во други земји.
Поради брзото ширење на коронавирусот, Кина за 48 часа ја изгради првата болница за пациентите заразени со вирусот. Проектот бил завршен во рок од 48 часа благодарение на напорот на персоналот од градежните фирми, комуналните компании, волонтерите и полициските службеници.
Кина планира да создаде дополнителни 19 импровизирани болници каде што ќе бидат примени пациенти со коронавирус.
До денес, Вухан има претворено 13 постојни објекти во привремени болници, со вкупно 13.348 кревети. Погледнете како изгледа животот во една од овие импровизирани болници.
Фото: Yuan Zheng/ chinadaily.com.cn