Омикрон, најновиот сој на ковид-19, се размножува во дишните патишта на човекот 70 пати побрзо од делта-сојот, велат истражувачи од Хонгконг.
Меѓутоа, тој се размножува побавно во ткивото на белите дробови во споредба со првооткриениот сој на вирусот, што може да значи дека тој поретко предизвикува тешки симптоми.
Фото: Pixabay
Мајкл Чан Чи-ваи, професор кој го водел истражувањето, предупредува дека генералната закана од сојот веројатно е многу значајна, и покрај резултатите од истражувањето.
Тој објаснува дека последиците од болеста кај луѓето не се одредуваат само со размножувањето на вирусот, туку и со имунолошката реакција на заразата. Освен тоа, вирусот може да предизвика повеќе смртни случаи и хоспитализации заразувајќи повеќе луѓе.
Земајќи ги предвид претходните истражувања што покажуваат дека овој сој делумно може да го одбегне имунолошкиот штит од вакцините и прележувањето, може да се заклучи дека генералната закана од сојот е многу значајна, изјавил професорот.
Извор:
Sky
Фото: Pixabay