X
 06.08.2022 Живот

Зошто не смееме да седиме на туѓо место во авион?

Експертите потврдија дека распределбата на тежината на патниците влијае врз стабилноста на авионот, особено во помалите авиони.

- За авионот да биде балансиран, од моментот на полетување до слетување, потребно е да се земе предвид вкупната тежина - вели Дарен Патерсон, американски пилот, додавајќи дека може да се почувствува дури и движењето на едно лице за време на летот бидејќи центарот на гравитацијата на авионот постојано се менува.

Патниците што мислат дека нивната тежина не влијае врз летот би можеле да бидат изненадени, но формулата за стабилност на авионот го зема предвид горивото потрошено за време на летот, што влијае и врз центарот на гративацијата. Ако е сѐ како што треба, рамнотежата на авионот нема да биде нарушена, што пилотот го споредува со две деца со приближно еднаква тежина кои се на клацкалка.

Додека некои авиони имаат софтвер кој пресметува како треба да биде распределена тежината, други авиокомпании го прават тоа рачно, поради што на летовите се контролира како седат патниците,

- Колку е помал авионот, толку е подраматичен ефектот на рамнотежата - објаснува Патерсон.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот