X
 18.08.2015 Култура

Зошто во Индонезија има толку многу авионски несреќи?

Изминатата седмица слушнавме за уште една авионска несреќа во Индонезија, трета голема авионска несреќа во оваа земја во последните 12 месеци. Индонезиската провинција Папуа е еден од најизолираните региони во светот. Местото е толку оддалечено што научниците го нарекуваат „изгубен свет“.


Во неделата, регионот се најде на насловниците низ светот поради човечка трагедија од огромен размер. Часови откако авионската контрола прогласи дека летот на „Тригана“ исчезнал, локалните селани откриле остатоци од авионот. Сите 54 патници на авионот се сметаат за мртви. Оваа несреќа е само последната која ја зафати оваа земја, четвртта најголема по население во светот.

Зошто има толку авионски несреќи над Индонезија?

Одговорот лежи во комбинацијата од географската положба, економијата и политиката. На архипелагот во Тихиот океан најпрактичен превоз останува авионот. Во посиромашните делови од Индонезија, како што е Папуа, патната и железничката инфраструктура е сиромашна или не постои, поради што авионот е единствена опција.

Двете децении економски пораст по ужасната финансиска криза во 1998 година подигнале милиони луѓе во средна класа, а со тоа авионските летови станале можна опција за многумина. Со ова, повеќе авионски компании влегле на авијацискиот пазар во Индонезија.

До 1998 година, Индонезија била под диктаторски режим, а сега е демократија. Меѓутоа, според експертите, корупцијата сè уште е присутна, меѓу другото и во авијацијата. Пилотите, контролорите и инженерите се лошо платени, а земјата не им дозволува на странците да им помагаат во мисите за спасување и барање, веројатно од страв поради можно разоткривање на сите нерегуларности.

Згора на тоа, тука е и времето. Последната авионска несреќа веројатно била причинета од лошото време. Имено, регионот одеднаш може да стане маглив, темен и опасен.

Сите овие фактори се наведуваат како причини за честите авионски несреќи од страна на „Атлантик“. 


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура