X
 23.08.2020 Живот

Швеѓаните вложуваат во железничката мрежа - во иднина повеќе ќе патуваат со воз

И додека еден добар дел од светот застана поради коронавирусот, Швеѓаните продолжија да живеат без никакви ограничувања и се одлучија за поинаков пристап во борбата против вирусот. Со оглед на овој избор, не е ни чудно што продолжуваат да го планираат развојот на патничките услуги, а новина е проширувањето на мрежата на ноќните линии на возовите со цел да се поврзат со остатокот од Европа.

Имено, од 2022 година Швеѓаните планираат да воведат ноќни линии што дополнително ќе ја поврзат земјата со Германија и Белгија. Новите линии ќе водат кон Хамбург и Брисел, со што ќе се овозможи подобра поврзаност со Централна Европа и Велика Британија.

Претходно годинава беа најавени ноќни линии до Копенхаген и Келн, но плановите се променија. Моментално, шведските ноќни возови возат по локални линии, но и кон соседна Норвешка.

voz
Фото: Freepik

Шведска е првата земја-иницијатор на движењето „флајгскам“, кое апелира до патниците да размислат за алтернативна форма на патување со оглед на негативното влијание што летањето го има врз животната средина.

Патувањето со воз помалку загадува, но со доаѓањето на нискобуџетните авиопревозници луѓето почнаа да ги користат за пократки патувања.

Се чини дека и ноќните линии на возовите се враќаат, а за тоа зборува и пуштената линија оваа година што ги поврзува Прага и Риека и ги носи Чесите на Јадранот. Возот е прилично удобен, а бројот на продадени билети, со оглед на ситуацијата, далеку ги надмина очекувањата. Најавени се и други ноќни линии, па наскоро може да се патува од Брисел до Виена.

Наредната година се планира уште посилна промоција на патувањето со воз низ цела Европа, а постои и идејата за изградба на брза мрежа на возови што би ги поврзувала европските метрополи.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот