Добри вести за оние кои не можат да спијат. Науката открила одличен и сигурен начин за заспивање за помалку од 90 секунди.
Докторот од „Харвард“ Ендру Вејл верува дека стресовите од секојдневието, заедно со светлината од телефоните, компјутерите и таблетите, го отежнуваат спиењето за луѓето.
Вејл е поддржувач на техниката „
4-7-8“, вежба со која се смирува телото и умот додека се задржува фокусот на дишењето. Ова е еден од основните принципи на јогата и е одлична техника за намалување на стресот.
Како да го направите тоа?
1. Поставете го врвот на јазикот спроти делот од устата кој е веднаш позади горните предни заби. Задржете го таму до крајот на вежбата.
2. Затворете ја устата и вдишете полека преку носот додека во главата броите до
4.
3. Задржете го здивот
7 секунди.
4. Издишувајте преку устата
8 секунди.
5. Повторете го истото уште трипати.
Слатки сништа.