Американскиот град Мичиген ќе потроши 48 милиони долари за унапредување на средно училиште. Тоа обично значи додавање најсовремена компјутерска лабораторија или можеби нов терен за фудбалскиот тим.
Но, ова е Америка од 21 век, па не треба да биде изненадување тоа што училиштето го редизајнира кампусот не за да го подобри животот на учениците, туку да ги заштити во случај на пукање.
Дизајнерите на училиштето ги направиле ходниците кривулести за да го скратат видикот на напаѓачот и додале ѕидови за да направат „зони на сенка“ за учениците, каде што тие би можеле да се кријат. Прозорците се прекриени со облога отпорна на влијание, а специјален систем за заклучување им овозможува на службениците да ги изолираат заканите само со притискање копче.
Во 2018 година во САД имаше 24 пукања во училишта, што значи едно на речиси секои две недели. Сигурно ќе има уште десетици пред да заврши унапредувањето на конструкцијата во Мичиген во 2021
година.
Нормално, тоа може да се промени ако САД преземат акции за превенција на масовните пукања.