X
 05.11.2020 Политика

Графикон покажува како гласале американските сојузни држави од 1976 до 2016

Претседателските избори во САД се актуелни во моментов, а резултатите беа неизвесни до самиот крај. Историски гледано, некои сојузни држави гласаат за истата партија речиси секои избори, додека некои држави имаат различни гласови во зависност од изборите.

На графиконот во продолжение се гледа како сојузните држави гласале на изборите од 1976 до 2016 година.


Фото: weforum.org

Како што покажуваат податоците, некои држави како Алјаска, Оклахома и Вајоминг постојано се поддржувачи на Републиканската партија. Од друга страна, Хаваи, Минесота и округот Колумбија се поддржувачи на Демократската партија со децении.

Некои сојузни држави не се постојани и често решаваат кој ќе победи на крајот. Во случајот со Флорида, кандидатот кој победувал таму победувал и на целите избори од 1964.

Иако во САД доминираат двете главни политички партии, во 1992 г. милијардерот Рос Перот се кандидирал како независен кандидат и освоил речиси 19% од сите гласови. Сепак, тоа не било доволно за победа.

Изборите што ги паметиме се оние во 2016 г. кога Хилари Клинтон беше победена од Доналд Трамп и покрај нејзиното водство во сите анкети и освојувањето поголем број гласови.

Автор: Џена Рос
Извор: weforum.org
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика