X
 14.03.2022 Живот

Нов закон во Тенеси - пијаните возачи да плаќаат алиментација ако во сообраќајна несреќа загине родител

Во Тенеси е усвоен нов закон со кој пијаните возачи ќе бидат финансиски одговорни за децата што останале без родители, по несреќа со фатални последици. Законот беше едногласно усвоен во домот на Тенеси во понеделникот.

Сесилија Вилијамс дошла на оваа идеја откако пијан возач ги убил нејзиниот 30-годишен син Кордел, 25-годишната снаа Лејси и 4-месечниот внук Кордел на 13 април 2021 година. Законот е наречен „Законот на Бентли“ по најстарото од двете преживеани деца на парот.

Според Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата, околу 28 луѓе во САД умираат секој ден во несреќи поради возачи што се под дејство на алкохол. Во 2019 година починале 10.142 луѓе.

Во 2019 година 1.053 деца загинале во сообраќајни незгоди, а 204 од нив загинале во сообраќајни несреќи при возење под дејство на алкохол.

Вилијамс изјави дека по инцидентот контактирала со нејзиниот локален законодавец во Мисури, Мајк Хендерсон, за идејата за законот и тој веднаш ја прифатил.

Иако Тенеси е првата држава што го усвои законот, Вилијамс беше во контакт со над десет други држави.

- Сакам законот да биде на национално вино. Бидејќи кога зборувате за возење под дејство на алкохол, тоа не започнува и не застанува во Мисури - вели Вилијамс.

- Кога ќе убиете некого, му одземате родител на некое дете. Тие деца немаат родител за нивниот прв состанок, за дипломирањето, првиот автомобил... А ја нема и финансиската одговорност на родителите. Мислам дека прекршителите треба да платат за финансиската одговорност на многу начини, бидејќи мислам дека тоа ќе ги научи да не го повторат истото - вели Вилијамс.

Ако лицето е во затвор и не може да плати, на обвинетиот му се дава рок една година по неговото ослободување да почне со плаќањето. Ако детето наполни 18 години, но не му е целосно платено, плаќањето ќе продолжи додека на детето не му е целосно платено.

Исплатите ќе варираат во зависност од приходот на лицето. Вилијамс се надева дека законот ќе ги научи луѓето да размислат двапати и да ги разберат последиците од нивните постапки.

- Со тоа што законот ќе го направиме еден вид финансиска одговорност, ќе се симне тој товар од семејствата што веќе страдаат од загуба што никогаш не требало да се случи - вели таа.

Извор: Newsweek.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот