X
 06.09.2021 Здравје

Сигнали што покажуваат дека ви е ослабен имунитетот

Имунитетот е многу важен за здравјето, а за време на пандемијата многу повеќе луѓе обрнуваат внимание на функционалноста на овој систем, кој го штити организмот. Експертите од областа се согласуваат дека има неколку сигнали со кои може да се препознае дека имунитетот ослабел.

Пукнатини на аголот од усните

Доколку на аголот од усните ви се појават мали пукнатини кои не изгледаат како сериозни рани, тоа може да биде знак дека имунитетот ви ослабел поради недостиг на витамини и минерали.

Постојани симптоми на настинка

Се чувствувате изморени, малку кашлате и ви тече носот? Доколку не сте болни, имунитетот ви дава до знаење дека неговата функција ослабела. Подобрената исхрана е најдобро решение за зајакнување на имунитетот во овој случај, пишува „Екапија“.


Фото: Pixabay

Бавно зараснување на раните

Доколку малите повреди и гребеници ви зараснуваат побавно од обично, тоа може да биде знак на ослабен имунитет. Многу витамини, како витаминот Це, помагаат кожата побрзо да заздрави.

Крвавење на непцата

Проблемите со забите се голем предизвик за имунолошкиот систем, па доколку ви крвават непцата, посетете заболекар и подобрете ја оралната хигиена.


Фото: Pixabay

Постојано сте уморни

Стресот што го доживуваме на работното место и во приватниот живот може негативно да влијае врз имунитетот бидејќи ни ја одзема енергијата. Обидете се да го намалите стресот, а повеќе да се одморате и да ја зголемите физичката активност.

Извор: Ekapija
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје