X
 31.08.2021 Здравје

Удвоен бројот на лица со висок крвен притисок за три децении

Бројот на лица што живеат со висок крвен притисок во светот двојно се зголемил од 1990 до 2019 г., според истражување финансирано од Светската здравствена организација.

Истражувањето било објавено во медицинското списание „Лансет“, а во него била направена анализа на помали истражување со вкупно 104 милиони испитаници на возраст од 30 до 79 години од 184 различни земји и територии.

Истражувачите откриле дека на глобално ниво, во 2019 година имало 1,28 милијарда луѓе со висок крвен притисок, во споредба со 648 милиони во 1990 г. Истражувачите откриле и дека помалку од половина од луѓето што живеат со висок крвен притисок не земаат лекови за третирање на состојбата. Помалку од половина од оние што примаат лекови ја контролираат хипертензијата.


Фото: Pixabay

Високиот крвен притисок се нарекува и „тивок убиец“ бидејќи го зголемува ризикот за болести поврзани со бубрезите, срцето и мозокот. Состојбата е една од најголемите причини за смрт низ светот.

Истражувачите велат дека подобрувањето на здравствениот систем и здравственото осигурување може да доведе до зголемување на процентот на лица што ја третираат состојбата. Најмал процент на жители што ја третираат и контролираат состојбата има во Супсахарска Африка, Океанија и Јужна Азија.

Извор: Cnet
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје