X
 06.10.2018 Наука

Како изгледа Кеопсовата пирамида однатре?

Најголемата пирамида во Гиза е Кеопсовата, која е висока 146 метри. Благодарение на Би-би-си и нивната 3Д-снимка, имаме можност да погледнеме како оваа пирамида изгледа однатре.

Во пирамидата има скриени премини и простории.

Големата пирамида во античко време се сметала за едно од седумте светски чуда, а е изградена во текот на периодот на владеењето на фараонот Кеопс, помеѓу 2509 и 2483 година пред Христос.

Она што уште од порано им е познато на научниците и на јавноста е постоењето на три големи комори, ходници и многубројни премини. Најпозната е Големата галерија, која е долга 47, а висока 8 метри.

Иако постојат влезови во пирамидата, голем дел од нејзината внатрешност беше неистражен сѐ до неодамна. Имено, експертите од Франција успеале да продрат во пирамидата благодарение на метода заснована на детектирање на мионите.

На 3Д-снимката на Би-би-си може да се види внатрешноста на оваа пирамида, како и многубројните скриени премини и простории.

Погледнете ја снимката.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука