Фото: Drew Scanlon
Дру Сканлон продуцира серии за патување на „YouTube“ наречени „Cloth Map“. Неговото најново патување беше во нуклеарен бункер во Украина.
Базата на стратешки ракетни сили била повлечена од употреба во 2001 година, а денес може да се посети како турнеја.
Доколку не сте во можност да го посетите, тогаш видеото на Сканлон ви нуди одлична можност да ѕирнете во овој објект. Турнејата започнува со водичот Димтро, кој го одвел Сканлон во мала соба.
Овој дел бил за персоналот откако ќе го уништел целиот свет. Одделот бил дизајниран за употреба откако би се употребило „копчето“. Бункерот бил создаден да трае 45 дена, опремен со храна, лекови, сеф за пиштоли, тоалет и вода.
Во бункерот имало и главна соба наречена „собата за уништување на светот“. Персоналот би добивал кодови од Москва, а двајца офицери би користеле два идентични клучеви во две брави кои би морале да ги свртат десно истовремено. Потоа би се притиснало познатото црвено копче.
После притискањето на ова копче, би се огласувал силен аларм, додека зеленото светло би им покажувало на офицерите дека започнало
лансирањето, додека друго би го потврдило успешното лансирање.
Целата тура можете да ја погледнете подолу.