Близначките блогерки Хермон и Херода го загубиле слухот кога биле деца, но новата облека што користи допирни сензори им овозможува да уживаат кога ќе излезат во некоја дискотека и да танцуваат на музиката.
Специјален софтвер ја фаќа музиката, ја интерпретира и потоа ја трансформира во допирни податоци, кои безжичко се праќаат до нивната
облека.
- Боже мој, беше возбудливо. Чувствувате како да има различни ритми, па има различни пулсирања во различни времиња - објаснуваат тие.
Погледнете ја снимката од излегувањето на блогерките облечени во прототип облека со чија помош можеле да ја почувствуваат убавината на музиката.