Оригиналниот рецепт за правење „кока-кола“ бил измислен кон крајот на 19 век од Џон Пембертон, хемичар и фармацевт, кој во тоа време работел за фармацевтската и хемиска компанија „Игл“ од американската држава Џорџија. Пијалакот го нарекол Пембертоновата винска кока, но во 1886 година, кога била воведена забраната за алкохол, го модифицирал рецептот отстранувајќи го алкохолот.
Во аптеките како лек продавал чаша пијалак за пет центи, што поминувало добро бидејќи во тоа време газираните пијалаци се сметале за многу здрави. Пембертон тврдел дека пијалакот лекува разни болести, вклучувајќи главоболки, импотенција и стомачни проблеми. Неговиот концентрат можел да се купи во аптеките како средство за ублажување на проблемите со стомакот.
За брзо време бројот на производители се зголемил, па почнала борбата околу патентот и правото на употребата на името „
кока-кола“, пијалак создаден од комбинација на две состојки - лист од кокаин и плодови од тропското дрво кола, во кое има два до три отсто кофеин. Околу 150 грама од листот од кока оделе во четири литри сируп, но подоцна таа количина била намалена, за во 1903 година листот целосно да биде исфрлен од рецептот. Тие биле заменети со остатоци од лисја на ова растение, па така од оваа супстанција се останати само траги.
Денес се користат специјално модифицирани лисја од кока што не содржат кокаин. Покрај газирана вода и кофеин, пијалакот „кока-кола“ содржи и шеќер, фосфорна киселина, боја на карамела и арома кои се деловна тајна на компанијата.
Извор:
Nauka kroz price
Фото: Freepik