Со кафето се расонуваме, работиме и социјализираме, но со него може и да се претера. Љубителите на кафето понекогаш не забележуваат колку испиле во текот на денот. Следните знаци може да бидат показател дека сте претерале со консумирањето кафе.
Вознемирени сте
Може да бидете нервозни од премногу кафе бидејќи кофеинот го стимулира средниот нервен систем и истовремено ги зголемува нивоата на адреналин, допамин и глутамат. Оваа комбинација може да доведе до нервоза, забрзано чукање на срцето, раздразливост, па дури и бес.
Фото: Pixabay
Ви паѓа енергијата во текот на денот
Кафето може бргу да ве разбуди и да ви даде енергија, но кога таа енергија ќе се потроши, се забележува силниот пад. Некои истражувања дури посочуваат дека кофеинот може да ја уништи продуктивноста на работа.
Често морате во тоалет
Кофеинот е диуретик, што значи дека го поттикнува уринирањето, особено ако генерално не пиете премногу кафе. Истражувањата покажале дека од кафето не може да се дехидрира, но доколку истовремено не пиете доволно вода, на вашето тело може да му недостига течност.
Фото: Pixabay
Нарушен сон
Истражувањата покажале дека кафето може да го наруши сонот, дури и ако последната шолја сте ја испиле 6 часа пред спиењето. Кафето може да го наруши и дневниот ритам на организмот, па може да се чувствувате уморни.
Извор:
EKapija