Малдивите можеби се синоним за врвен одмор и релаксација, но освен ултралуксузните хотели, јужноазиската островска држава нуди уште една причина за да ја посетите.
Луксузното одморалиште „Сонева Фуши“ на Малдиви им нуди на гостите тренинзи и пријателски тениски натпревари со тенисерот Данил Медведев. Понудата важи за периодот од 22 ноември до 1 декември 2023 година. Без разлика дали сте професионалец или не, можностите како оваа доаѓаат еднаш во животот, особено кога теренот се наоѓа на една од најисклучителните локации во светот.
Од 22 ноември до 1 декември 2023 година гостите во хотелот ќе можат да уживаат во приватни тренинзи и пријателски натпревари со Медведев на отворените и затворените тениски терени во комплексот.
Медведев е првиот играч кој го прекина 18-годишното владеење на „големата четворка“ (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер и Енди Мари) во светскиот тенис кога го зазеде првото место во светот во 2022 година. Тој е носител на повеќе титули од светски првенства.
Секако, играњето на тропско тениско игралиште против еден од најпознатите светски играчи не е единственото возбудливо нешто што „Сонева Фуши“ им го нуди на своите гости. Се издвојуваат и часовите по едрење на познатиот британски морнар Робин Нокс Џонстон, на 23-метарската јахта „Сонева Аква“, каде што гостите можат да ги истражуваат водите на Индискиот Океан.
Извор: Ekapija
Насловна фотографија: X